Премиерот Зоран Заев кажа дека до крајот на месецов ќе стигне пратка од ковакс механизмот, но не прецизира колку точно вакцини се тоа, со оглед на фактот дека уште не се вакцинирани сите медицински лица и дали ќе има доволно и за граѓаните.
– Додека не потврдат одлука од ‘Фајзер‘, ‘Спутник‘ или ‘Синофарм‘ дека вакцините се товарени ние не можеме точно да кажеме кога ќе стигнат. Она што го знаеме е дека кон крај на март ќе стигнат првите количини од ковакс механизмот и верувам дека тогаш ќе бидеме подготвени за масовната вакцинација, кажа Заев, кој денеска заедно уште четворица министри присуствуваше на промоција на возила за чистење улици во фабриката „Брако“ во Велес.
Фактот што Македонија е една од ретките држави каде уште не е почната вакциницијата на населението, премиерот го оправда со тоа дека секаде во светот постои неизвесност за вакцините. Рече дека на 30 март во посета на земјава ќе дојде министерот за одбрана на Кина и тогаш ќе ни донесе попрецизна информација кога ќе стигнат кинеските вакцини.