Единствени новини се формирањето на агенција за управување со медицинскиот канабис. Истата треба да го штити делот на инвестициите, државниот аспект и грижата за да не излегува надвор од контрола.
– Самата агенција ќе биде воспоставена да го штити имиџот на државата затоа што сакаме преку вакви инвестиции да акумулираме нови работни места, носи околу 250 милиони евра БДП и се даваат квалитетни плати, околу 700 евра во просек, истакна премиерот Заев.
Додаде дека втора значајна работа е што 10% од вкупните трошоци, доаѓа на посебна сметка во Владата, а дел потоа одат на Агенцијата за лекови, дел за Агенцијата за медицински канабис, дел за ретки болести, дел за медиумски фонд, за култура и образование и еден дел за спорт.
– Не се точни тврдењата дека со законот ќе се овозможи извоз на сушен цвет. Тој веќе се извезува согласно европските регулативи и регулативите на ОН, потенцираше Заев.