Недела е ден за одмор, а јас имам само едно хоби, тоа е возењето мотор, така јас ги полнам батериите, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, запрашан дали чувствува одговорност за тоа што во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет, тој и министерот за здравство Венко Филипче возат мотори.
– Јас имам само едно хоби, а тоа е возењето мотор. Така го минувам денот недела кој е ден за одмор. На тој начин ги полнам батериите. Секој човек заслужува да се одмори. Целосно ги почитувам сите мерки, а иако имам дозвола за движење за време на полициски час, јас тоа право не го користам. Викендов направивме една убава турнеја со моторите. И не се кријам – истакна Заев.