Тој додаде дека сериозно верува дека, ако Европската Унија затајува и ги забавува процесите, се создава плодна почва и за нон пејпери и за стратегии кои ќе се развијат во нешто кое што нашите народи овде не го посакуваат.
Заев во интервјуто потсетува дека во светот се развива ерата на четвртата индустриска револуција и Балканот е навистина променет, заради европската иднина којашто сите ја посакуваат.
Тој посочи дека е многу важно и тоа што, нашата држава, Северна Македонија, е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност и поука и пример и за сите други земји.
– Сето тоа е возможно со европската мотивација, Европа е должна да нѐ држи мотивирани за да продолжиме кон нашиот европски пат, изјави премиерот Заев, додавајќи дека национализмот и шовинизмот го има насекаде во светот, но на Балканот е видлив и затоа не треба да се потхранува бидејќи ги уништува перспективите на младите, нивните генерации.
Според неговите зборови сите ние имаме посебно национално чувство и топлина во нашите гради, но сите ние сме должни да им оставиме на децата европска иднина затоа верувам во онаа обединетост на различностите што е симболот на ЕУ
Заев додава оти верува дека Европа навистина ќе остане Европа, солидарна и во својата филозофија на формирање и опстојување како уникатен пример во светот, ќе продолжи да постои и да се унапредува.
– Затоа што иднината на светот е преку развивање на демократските вредности, преку слободите, преку обединетост во различностите да се остварува просперитет и иднина на целиот свет, па така и на европскиот континент, вели премиерот Заев во интервјуто за „Еуроњуз Албанија“.