-Нека има дијалог, Од тоа нема зијан. Гледате, мојата средба со Мицкоски, а потоа и со Зијадин Села и со Африм Гаши даде делумни резултати. Го одложивме пописот, почна набавката на скенерите за отпечатоци, а за возврат очекуваме деблокада на работата на парламентот. Така, се донесе петтиот пакет антикризни мерки, иако и тогаш требаше да доаѓаат во Собранието пратеници во скафандери – рече Заев откако денеска се вакцинираше против ковид-19.

На прашање за изјавата на Пендаровски во врска со осудените за настаните во парламентот на 27 април 2017 година, Заев рече дека тука не станува збор за ново помилување, туку дека секој има право да побара ново судење доколку има нови докази и аргументи.