Како што информира ДЗР, целта на средбата е имплементацијата на Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија која во оваа фаза е фокусирана на структурирање и подобрување на комуникацијата и соработката со Јавното обвинителство и останатите надлежни институции, со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности.

– На состанокот беше презентиран нацрт-протоколот за комуникација помеѓу двете институции кој треба да придонесе за зајакнување на комуникацијата и соработката, за што претставниците на двете институции изразија подготвеност за интензивирање на активностите. Работната средба резултираше со заклучоци во насока на номинирање лица од двете институции за остварување побрза и поефикасна комуникација, иницирање на едукативни настани за ревизорите и обвинителите како можност за размена на искуства и знаења, заедничко дефинирање форма во која ќе бидат посочени наодите и утврдени состојби од конечните ревизорски извештаи по кои согласно законските надлежности треба да постапува јавното обвинителство, како и потпишување на меморандум за соработка, информира Државниот завод за ревиизја