Полицијата во Дрезден соопшти дека вооружен маж држи луѓе како заложници во трговски центар.

Според локалното Радио Дрезден, вооружениот маж се уште е во бегство.

Билд пренесува дека напаѓачот убил најмалку едно лице, но полицијата одбила да ја потврди смртта. Службите за итни случаи пронашле мртва 62-годишна жена во станбена зграда во областа Прохлис во Дрезден. Како што јави Радио Дрезден, осомничен е нејзиниот 40-годишен син, кого полицијата го поврза со заложничката криза.

Утрово околу 8 часот и 30 минути се случил вооружен грабеж во Амонхоф, деловна зграда во близина на централната станица во Дрезден, каде напаѓачот испукал неколку истрели. Од полицијата не ја потврдија информацијата, но според неофицијални информации загинало едно лице. Бидејќи се криел во трговскиот центар Altmarktgalerie, полицијата почнала да ги евакуира купувачите. Сепак, напаѓачот во еден момент земал заложници, а засега не е јасно дали е уапсен. Полицијата ги повика луѓето да го избегнуваат централното градско подрачје. Радио Дрезден претходно објави дека се пукало во зграда во близина на главната железничка станица. Билд пренесува дека напаѓачот убил најмалку едно лице, но полицијата одбила да ја потврди смртта.