Санкции против поранешен висок функционер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одлучи да воведе 10-годишни санкции против поранешниот шеф на неговиот кабинет Андриј Бохдан, со пакет мерки што вклучуваат финансиски и имотни ограничувања.

Санкциите предвидуваат одземање државни одликувања, замрзнување имот, забрана за комерцијални трансакции и ограничување на изнесување капитал од државата.

Официјална причина за одлуката не е објавена од властите. Бохдан на Фејсбук наведе дека мерките можеби се поврзани со медиумски објави за наводи за корупција поврзани со Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска.

Според медиумски извештаи, санкции се воведени и против уште четири лица.