Полициски службеници од СВР Велес вчера вечер го лишиле од слобода 24-годишниот Д.Р. од Велес. Тој бил приведен откако кај него биле пронајдени 193 таблети во кругот на затворот Идризово – Отворено одделение Велес.
Според информациите од полицијата, младиот велешанец бил забележан во кругот на казнено-поправната установа. Во тој момент, од неговиот џеб испаднале недозволените таблети.
Таблетите веднаш биле пронајдени и одземени од страна на службените лица, по што Д.Р. бил приведен во просториите на полициската станица.
За целиот случај веднаш бил известен надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против осомниченото лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
