Бугарските власти спроведоа операција за спречување на печатење фалсификувани пари.

 

– Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Обвинителството на градот Софија спроведоа операција против печатење фалсификувани долари и евра во главниот град, објави главниот обвинител Иван Гешев на својот официјален профил на Твитер.

Запленети се четири милиони долари и три милиони и 600 илјади евра, отпечатени на територија на високообразовна институција.

– Бугарските агенции за спроведување на законот продолжуваат активно да ги штитат финансиските интереси на ЕУ и нашите американски партнери, напиша главниот обвинител Гешев.