Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред започна летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.