Со механизација и вработени на терен се чистат училниците, дивите депонии, а се уредуваат и спортските и детски игралишта.

Градоначалникот Иван Јорданов денеска на прес-конференција изјави дека се прави и промена на уличното осветлување.

-Ја подобруваме ефикасноста на јавните претпријатија во интерес на граѓаните на општина Штип. Денес сме овде, но нема да застанеме, ќе ги утврдиме сите приоритети во населбата Три Чешми и во наредниот период, со сите расположливи капацитети ќе пристапиме кон подобрување на постоечката инфраструктура, изјави Јорданов.

Тој посочи дека во наредните денови ќе продолжат со чистење и уредување на другите штипски населби. Во тек е и асфалтирање на неколку улици, а од вчера се работи на улицата во населбата „Осми Ноември“, која ги поврзува двата булевари.