Како што прецизираат од Министерството, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.
Започна вакцинацијата на хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19
З
Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата, информира Министерството за здравство.