Во Њујорк, почнува 79. Генералното собрание на ООН. Македонската делегација ја предводи претседателката Сиљановска Давкова. „Не оставајќи никого зад себе, дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“, е темата на годинешното собрание.
В четврток говор ќе има и шефицата на македонската држава.