Во утринското пукање во Загреб е ранет познат локален бизнисмен. Според првичните информации, непознат напаѓач го чекал во заседа на улицата во непосредна близина на неговиот дом во населбата Дубрава, му пукал во нозете и веднаш побегнал од местото на настанот.

Станува збор за Роберт Палиќ, бизнисмен кој неодамна беше правосилно осуден за даночно затајување, а кој и во текот на минатата година беше мета на сличен напад и исто така беше ранет во нозете од непознат сторител. По ранувањето, Палиќ веднаш бил пренесен во најблиската болница, каде според лекарските извештаи било констатирано дека се наоѓа надвор од животна опасност.

Полициската управа излезе со официјално соопштение во кое ги образложи преземените мерки по инцидентот на терен.

„Денес, околу 8:30 часот, на улицата Банатска во Загреб, еден маж беше ранет од огнено оружје на улица и му беше укажана лекарска помош. Местото на настанот е обезбедено, а во тек е истрага, како и интензивна потрага по сторителот. Сообраќајот на улицата Банатска е во прекин“, соопштија од полицијата.