На денешното рочиште за овој случај завршни зборови даде дел од одбраната на прво обвинетиот Сашо Мијалков, односно адвокатот Лупчо Шврговски, кој истакна дека обвинението за случајот „Тортура“ е засновано врз голи претпоставки.
Судскиот предмет во овој случај го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.