Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видеообраќање им се заблагодари на Украинците за 50-дневниот отпор по руската инвазија.
– Благодарение на Бога, на вооружените сили на Украина и на нашиот народ го одбранивме најголемиот дел од нашата земја. Педесет дена од нашата одбрана е достигнување. Достигнување на милиони Украинци, истакна Зеленски.
Тој додаде дека на почетокот на инвазијата „никој не веруваше дека ќе преживееме“.
Зеленски им се заблагодари и на сите поддржувачи на Украина.