Ако некој во светот сепак може да каже дека е потребен некаков дијалог со Русија, некакви договори, видете што се случува. Денешните руски ракети Калибр ја уништија самата можност за такви изјави.

Завршува сто и педесеттиот ден од нашата одбрана од Русија, од нивната инвазија. И овој ден на некој начин е сличен на сите претходни – повторно ракетни напади, тешки борби во многу области на фронтот – Донбас, регионот Харков, повторно гранатирање. Но, овој ден покажува и до каде сме стигнале до нашата победа. Ќе биде!, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

-Како прво, сега можеме да кажеме за регионот Керсон. Окупаторите се обидоа да се зацврстат таму, нивните соработници даваа разни дрски изјави, кои на руски се нарекуваат многу погоден збор „шапкозакидателство“ (лажни прогнози). Но, како тоа им помогна? Вооружените сили на Украина напредуваат чекор по чекор во регионот, истакна Зеленски.

Тој нагласи дека денешниот руски ракетен напад врз пристаништето Одеса, е циничен, а исто така беше удар за политичките позиции на самата Русија.

-Ако некој во светот сепак може да каже дека е потребен некаков дијалог со неа, со Русија, некакви договори, видете што се случува. Денешните руски ракети Калибр ја уништија самата можност за такви изјави, додава Зеленски.

Украинскиот претседател ја посочи апсолутната едногласност на реакцијата на светот на овој напад. Окупаторите веќе не можат никого да измамат. Меѓу другото, како резултат на овој напад, оштетена е и зградата на Музејот на уметност во Одеса. Ракетите погодија многу блиску до историските објекти на Одеса – нешто што е предност не само за украинската култура, туку и за културата на Европа.

Ова очигледно руско варварство нè носи уште поблиску до добивањето на оружјето што ни е потребно за нашата победа, нагласи Зеленски во обраќањето.