Пожар повторно го сопре железничкиот сообраќај од Велес кон и од Битола. Тој се одвиваше само пет дена, откако претходно поради изгорени илјада прагови беше во прекин осум дена.
Пожарот е регистриран во вторникот попладне во близина на железничката станица Браилово близу Прилеп. Запалени биле стрништа, по што била зафатена и делница од пругата и изгореле дрвени прагови.
Од Македонски железници потврдија дека железничкиот сообраќај од и кон Битола е во прекин. Екипи на ЗОП работеле на промена на дрвените прагови и штом ќе завршат, пругата ќе биде оспособена. Но, не соопштуваат рокови и колку време сообраќајот ќе биде во застој.