Уште одамна беше јасно дека оваа Влада се помалку ќе го користи името Македонија, сега друга соседна земја како Бугарија не негира како марод, ни негира култура, јазик. Тоа што шокира во оваа ситуација е што нашите власти не преземаат никакви чекори за одбрана. Па ни при било која прослава нема ни спомнување на Македонија, рече актерот Зоран Љутков прв човек на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Според него ова некогаш е како лош сон.

„Но, ние се изгубивме како генерација. Ова што се случува не е сон, ова е реалност. Загубено е драгоцено време на политички преписки, исполнување на лични желби, и тоа е погубно. Но, се надевам дека работите за некои идни генерации ќе биде сосема поинаку, ќе им овозможиме нешто поинакво од ова лошо секојдневие во кое денес живееме. Владата на СДСМ уби и се уште убива се што е македонско, ја убива културата“, рече Љутков.

Според Љутков да се пушти партиска химна на државен настан, на ден на кој се одбележува 11 Октомври е скандалозно.

„СДСМ е партија создадена врз основа на плагијаторство и знае дека се враќа патриотското чувство во државава кое беше загушено и кога тоа чувство гледаат дека е вредно за почит ја вратат страната. Гледате се појавува и кај нив коњаницата на пример, но тоа што го прават не личи на партијата и тоа е еден вид на шизофренија. Тие се лепат на ткивото на ВМРО-ДПММЕ што е крајно неавтентично. Тоа што го прават е сосема искривено, не им стои“, вели Љутков.

Според него плагијаторството на СДСМ го гледаат и граѓаните и тие не веруваат на истото.

„Тоа ги води само кон слаби резултати на избори. Но, времето си го кажува своето, кажува дека само тонат“, кажа Љутков.

Љутков се осврна и на фактот дека во овој период се случуваат најмногу културни настани и додаде дека културата никогаш не била толку ниско, никогаш не била позапоставена, едноставно се уништува.

„За прв пат оваа година посетив повеќе настани каде организаторите се жалат за ниски средства, дека едвај ги организираат настаните, мал број на публика поради неинформираност. Сите, посебно луѓето од култураат знаат тоа гласно го кажуваат дека овие не ги бива“, посочи Љутков кој додаде дека седум години оваа Влада нема направено ншто за културата ниту еден проект.