Стотици земјоделци, со трактори, протестираат пред словенечкиот парламент во Љубљана, пренесува Aljazeera Balkans.
Бараат од Владата да не наметнува построги еколошки стандарди кои сè повеќе им ја отежнуваат работата. Бараат и намалување на бирократијата и усогласување на државната помош со инфлацијата. Власта, пак, предупредува дека земјоделците брзо го прекинале дијалогот, поради што се сомнева дека зад него стојат политички мотиви.