Земјотрес со јачина од 4,1 степен е регистриран денеска во југоисточниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според податоците на АФАД, земјотресот е регистриран во 11 часот и 23 минути, а епицентарот на земјотресот бил во градот Акчадаг, а неговата длабочина била 12,56 километри.

Нема извештаи за штети или повредени луѓе.

Малатија е еден од единаесетте окрузи најтешко погодени од земјотресите со јачина од 7,6 и 7,7 степени по Рихтер на 6 февруари. Според официјалните податоци, бројот на жртвите од разорните земјотреси во земјата е над 50 илјади, а повредените се околу 115 илјади луѓе.