Потрес регистриран утрово

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот се наоѓа 139 километри североисточно од градот Ираклион, еден од најголемите градови на островот.

Нема пријавени штети

Според досегашните информации, не се пријавени материјални штети. Надлежните институции ја следат ситуацијата на терен.

Регион под сè почести сеизмички активности

Да потсетиме, грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи во март беа погодени од серија земјотреси, што укажува на зголемена сеизмичка активност во регионот.