Епицентарот на земјотресот бил на околу 6 километри северозападно од Стразбур, а земјотресот се почувствувал до општината Брумат. Потреси се забележани и во југозападна Германија и северна Швајцарија.
Вториот земјотрес бил регистриран пет минути подоцна, со помал интензитет (со магнитуда 2), во близина на градот Ла Ванценау.
Пожарникарите не добиле повици во врска со можна штета, пренесува News.in.
Според Ренас, француската национална мрежа за следење на сеизмичка активност, двата земјотреса што се почувствувани утрово се резултат на вбризгување на вода под висок притисок во земјата од страна на компанијата Fornoche Géothermie. Компанијата е специјализирана за градење на електрани кои користат обновливи и алтернативни извори на енергија, што вклучува енергија од геотермални извори.
Северот на областа Стразбур бил погоден од повеќе од десет земјотреси од октомври 2020 година. Секој пат досега тие беа предизвикани од тестови од оваа компанија. Досега регистрираниот најсилен земјотрес е измерен со 3,5 степени, а се случил на 4 декември 2020 година.