Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 21 часот и 17 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Дебарца-Илинска Плакенска Планина.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтерова скала.