По судирот повредени се повеќемина, а едно момче остана без рака, јавуваат француските медиуми.

Повеќечасовно насилство избило откако 1.500 луѓе се опирале на епидемиолошките мерки за сузбивање на епидемијата од корона вирус . Журка била на отворено во петок вечерта во гратчето Редон во Бретања.

Околу 400 полицајци дошле да интервенираат.

-Ситуацијата брзо излезе од контрола, луѓето фрлаа Молотови коктели и камења, рече жупанот Емануел Бертие.

Нередите, во кои неколку луѓе се повредени, вклучително и пет полицајци и момче кое ја изгуби раката, траеле повеќе од седум часа.

Според Бертие, ситуацијата се смирила дури во саботата наутро, а обвинителството веднаш покренало истрага.