Жерновски е отповикан од функциијата
Сега веќе поранешниот амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски е отповикан од функциијата. Оваа информација ја објави самиот тој на социјалните мрежи каде напиша дека за ова дознал сосема неофицијално.
Потсетување: Жерновски на консулатации кај Муцунски
Ова следува откако Жерновски претходно беше викнат на конултации во МНР кај Муцунски.
Обвинува за партиско резонирање – за одлуката дознал од Службен весник
„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, напиша Жерновски на социјалните мрежи.