СВР Куманово поднесе кривична пријава против 41-годишната И.М. од Куманово, осомничена за сторување на кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 5 март 2025 година во приватна компанија лоцирана во Индустриската зона Бунарџик. Осомничената, наводно, одзела туѓа платежна картичка и потоа неовластено извршила финансиски трансакции во две казина во Куманово.

Случајот е пријавен и се води постапка за понатамошно расчистување на настанот.