Незадоволни жители од селото Чифлик денеска излегоа на протест на магистралниот пат Штип-Кочани. Како што велат, во 21 век кога Македонија се стреми кон Европската унија, тие се соочуват со немање водовод и канализација.

Тие протестираат затоа што се лишени од достоинствен живот и потенцираат дека им е нарушено едно од основните човекови права, правото на здрава вода за пиење.