Откако Радио Лидер објави дека утрешниот студентски протест е пријавен од Борјан Ефтимов кој е роден 1996та година и има скоро 30 години, главниот уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев беше нападнат од страна на организаторот.

ОВА Е НАШИОТ ЧАЦИ: Има 30 години а го закажал првиот протест на студентите – српската инструкторка координира!

Љупчо Златев на нападот од Борјан Ефтимов одговори со статус на Фејсбук. Ставот на Златев може да го прочитате во продолжение:

На шареново јас сум му бил виновен што ги фатија живи како злоупотребуваат трагедија. Тоа ми било бизнис модел…
Види шаренко, мојот бизнис модел СДСМ се обидуваше да го сруши 7 години. Не успеа, затоа што мојот бизнис модел е чесен, трнспарентен, со платени даноци, издатоци и придонеси.
100 пати ме чешлаа и не најдоа ништо освен најпрофесионални легални и легитимни македонски и странски компании. Дел од компаниите не напуштија, затоа што СДСМ ги притискаше, дел до последен момент останаа со нас затоа што веруваат дека им носиме додадена вредност.
Мојот бизнис модел меѓудругото се заснова на иновации во онлајн медиумите. Иновации препознаени на меѓународниот пазар, со клиенти од најразвиените западни демократии.
Нашите спонзори се јавни од првиот ден па до ден денес, туку, ти кажи ми кој тебе ти ги финансира протестите? Од каде ви се парите за иконографиите и пропагандниот материјал? Кој ве тера да правите тензии и да злоупотребувате несреќа во услови кога има над 30 души во притвор и здравствените власти ефикасно се борат за повредените?
Да не се истите тие кои сменија закони и правила, па пред 5 години тебе те поставија за студентски лидер без да има избори како претходно?
Чаци, стварно жалам ама овој пат НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ. Овој пат нема да го излажете македонскиот народ како во 2015, 2016 и 2017!
Мршојадите злоупотребуваат трупови, ги видовте и ги слушнавте, заклучува Златев.

Го пренесуваме и статусот на Борјан Ефтимов.