Според Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година што ја објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) 80-те општини и Градот Скопје склучиле 3.454 договори за јавни набавки со 1.164 фирми.

На оваа прва фотографија преземена од базата на податоци за јавните набавки на општините во Република Македонија во 2019 година, јасно се гледа дека Општина Аеродром и Златко Марин за набавки потрошиле 179.445.431 денари или нешто под 3 милиони евра.

Во наредната или 2020-та година, за време на пандемија се потрошени речиси двојно повеќе средства.

Имено, во 2020-та година, одбележана со пандемијата од ковид-19 и необична ситуација за цела Македонија, надлежните во општината потрошиле околу 347.755.993 денари или 5,6 милиони евра.