Домаќинките беа рамноправни само во воведните минути од натпреварот, а потоа гостинките од Прилеп комплетно ја презедоа иницијативата и на крајот заслужено славеа. Тренерот на домашната екипа Евица Стојановска и покрај поразот е задоволна од играта на своите избранички, потенцирајки дека искуството кое го добиваат домашните ракометарки со посилни екипи од нив е огромно.

-ЖРК ,,Деспина” е вицешампион во оваа конкуренција и нормално е дека ја имаше улогата на фаворит која ја оправда во целост. За нас е важно што, она што го договоривме го прикажавме на терен, а во таа насока подобри резултати очекуваме во понатамошните натпревари, рече Стојановска.

Ова беше последен натпревар на кадетките од Делчево во рамки на есенскиот дел од сезоната, во кој во 3 одиграни натпревари постигна 1 победа и доживеа 2 порази.
Екипата продолжува да се натпреварува во пионерска конкуренција, во чии рамки следната недела повторно ќе биде домаќин во салата ,,Методи Митевски – Брицо”.