Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30 се водат како исчезнати откако мост во северна Кина се урна поради поројни дождови, јавија кинеските медиуми.
Мостот на река во Шанглуо во провинцијата Шанкси се урнал „поради поројни дождови и поплави“, јавија кинеските медиуми, цитирајќи го покраинскиот оддел за односи со јавноста. Големи делови од северна и централна Кина се зафатени од вторникот од дождови што предизвикаа поплави и значителна штета.