Во координирана акција низ Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово, 17 лица се уапсени за пуштање музика во време на 7-дневната жалост. Лицата, меѓу кои и два малолетни, се лишени од слобода. Ќе одговараат по член 387 од Кривичниот законик, што предвидува казни до 3 години затвор.
(ВИДЕО) Огномет во Скопје во време кога тагува цела Македонија
Во рамки на акцијата, затворени се три угостителски објекти во Куманово, Скопје и Кичево, чии сопственици и менаџери се приведени. Полицијата продолжува со контроли, а владата ќе објави точни податоци за прекршителите утре.
Контролите се проширени и на превозниците. Државниот инспекторат за транспорт утврди неправилности кај 11 фирми и 10 физички лица. Во тие редови е и „Дурмо турс“ од Гостивар, чии автобус излетал од патот во 2019 година, при што загинаа 16 лица.
Извор: Сител