-17 март е значаен ден за Црвен крст на Република Македонија, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.17 март е воедно и Ден на крводарителството во Република Македонија кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи, велат тие.

Во организација ќе организираат повеќе онлајн настани на национално и локално ниво со цел да се потсетиме на предизвиците и успесите на организацијата на Црвениот крст во изминатите години.