Ова се само дел од 28-те закони чие носење е блокирано во законодавниот дом поради поднесените амандмани. Опозицијата бара дијалог, власта обвинува за неконструктивност. 5-ти мај ќе биде ден за гласање на законите за кои е завршена дебатата но поради немање мнозинство не беа донесени.
Партиите се надеваат дека нема да се повтори неодамнешната слика кога во скафандери на гласање беа носени пратеници болни од Ковид. По ова ќе следуваат преговори за деблокада на останатите закони. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од три и ќе ги употребат сите деловнички можности тие да не се донесат.
СДСМ апелира на разум.
18 закони се блокирани од пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива.Амандманите ќе ги повлечат само доколку со Владата се постигне договор за Законот за државјанство.
Нова седница ќе се одржи дури на 18 мај. ВМРО-ДПМНЕ бара во меѓувреме да се одржи и посебна седница на која ќе се гласа новиот пакет антикризни мерки.
Пренесуваат од телевизија ТЕЛМА