Вкупно 3 килограми кокаин, 7 килограми амфетамини и речиси 300 килограми марихуана запленила македонската полиција во првата половина од годинава. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на неговиот официјален профилна социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека при полициски акции е откриена и лабораторија за производство на амфетамини.
Пресечени се три транспорти на марихуана, сузбиени пет криминални групи и Меѓународна акција во Грција каде се запленети 104,6 кг кокаин,“ напиша Спасовски.
Тој посочи дека во полициските акции се откриени 372 кривични дела поврзани со трговија со дрога и дека кривично се гонат 440 сторители на кривични дела.
Претходно полицијата во јули изврши претрес во две фирми за одгледување канабис за медицински цели, при што било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис.
Минатата година полицијата запленети над 2,4 тони дрога која би достигнала вкупна вредност од шест милиони евра на црниот пазар. Според извештајот на МВР, минатата година биле откриени над 700 кривични дела поврзани со трговија со дрога, за кои биле пријавени над 800 сторители.