Согласно правилата што во моментов се на сила, сите кои доаѓаат во Велика Британија од земји од црвената листа мораат да минат десетдневен карантин во хотел што ќе го одбере владата, независно дали лицето е вакцинирано или не против коронавирус.
Бразил, кој води во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2022 година во Катар со 18 бодови од шест натпревари, од 2 до 9 септември го очекуваат дуели против Чиле, Аргентина и Перу.
Меѓутоа, за бразилската репрезентација нема да можат да настапат Тиаго Силва (Челзи), Ричарлсон (Евертон), Едерсон и Габриел Жезус (Манчестер сити), Рафиња (Лидс), Алисон, Фабињо и Фирмињо (Ливерпул), како и Фред од Манчестер јунајтед.
Спротивно на одлуката на Премиер лигата, екипата на Астон Вила му дозволи на својот аргентински тандем Емилијан Мартинез и Емилијан Буендија да ја напуштат Велика Британија и да настапат за својата земја на натпреварите против Венецуела и Бразил, но нема да можат да бидат во составот за третиот квалификациски натпревар против Боливија.