Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе има средба со лидерите на Шведска и Финска со цел САД да покажат поддршка, откако двете земји поднесоа барања за влез во НАТО Алијансата, јави Си-ен-ен.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан појасни дека на средбата на Бајден со Саули Нинисто и Магдалена Андерсон во Вашингтон, тие ќе се „координираат за патот напред“ и ќе „споредат белешки“ околу потегот.
Барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, следуваат како одговор на руската инвазија на Украина.