Предмалку силен земјотрес стресе во Босна и Херцеговина. Имено од информациите на ЕМСЦ истиот е регистриран со магнитута 4,4, лоциран 38 километри од Мостар во близина на Студенци.
Земјотресот бил почувствуван и во Сараево, Зеница, Јабланица и Мостар, така што за сега нема информации за евентуални штети, инаку земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора и Хрватска.