Бугарската полиција уапси Русин и двајца државјани на Литванија под сомнение за индустриска шпионажа, соопшти денеска регионалната полиција на Стара Загора.
Како што се наведува, литванските државјани на возраст од 24 и 59 години и 60-годишен руски државјанин работеле во воената фабрика Арсенал. Уапсени се на границата со Грција откако полицијата била информирана дека одредени производи и документи исчезнале од фабриката.