Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова значи дека формирањето на нова бугарска влада ќе се случи до средината или крајот на мај. Според неа, важно е да се разјасни дека шефот на државата Бугарија е свесен за неговите одговорности, нагласи таа за БТВ.
-Претседателот мора да посредува при формирање влада, како некој што е домаќин на консултациите пред предавањето на мандатот, додаде советникот на бугарскиот шеф на државата. Иванка Иванова објасни дека роковите се oколу една недела и дека претседателот Румен Радев има право да одлучи на која политичка сила ќе и го даде третиот мандат доколку не успеат првите два.