Посочуваат дека генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и членови на Управниот одбор денеска извршија контрола врз процесот на достава на количините, кои се дистрибуираат до депонијата на ТЕЦ Осломеј, каде се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени наоѓалишта.

-Набавениот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор. Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј и 810 илјади тони за РЕК Битола, за кои количини има отворен повик со важност за цела 2022 година, велат од АД ЕСМ.