„Јас сум горд што играв за Македонија на ЕП. Среќен сум за настапот, иако жалам што не направивме еден чекор повеќе на турнирот. Неискуството нè чинеше многу, не се снајдовме добро во клучните моменти, а ни недостасуваше малку среќа која треба и да испровоцира. Најмногу ќе го паметам првиот меч со Австрија. Навивачите ни беа ветер во грб, атмосферата беше извонредна, а ќе го паметам ова ЕП и по заминувањето на Горан Пандев. Тој направи многу за Македонија, затоа доби и шпалир од нас играчите против Холандија. Неговото заминување беше емотивно за сите. Пандев е легенда на македонскиот фудбал, многу ќе ни недостасува во квалификациите за СП. Тој беше наш капитен, лидер, но пред сè голем човек е“ – вели Адеми,