Граѓаните беа запознавани со законските прописи и измени на Законот на безбедност на сообраќајот на патишта.

На активноста, чиј носител е Отсекот на превенција на СВР Тетово, присутните пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и лица што управуваат тротинети, диектно беа информирани за најновите измени на законската регулатива кои се однесуваат на оваа категорија учесници во собраќајот. Покрај тоа, им беа поделени и наменски изработени летоци.

Ваква средба пред 20-тина дена беше организирана и во Тетово. Дел од проектот, исто така, ќе биде и организирање сообраќајни поуки со кои ќе бидат опфатени сторители на прекршоци од овие категории.