Заедничкиот европски систем за Ковид-сертификација ќе стапи на сила в четврток.

Здружението на аеродроми АЦИ и здруженијата на авиокомпании А4Е, ИАТА и ЕРА со писмо до европските лидери предупредуваат на „загрижувачката разновидност на пристап“ низ целиот континент.

„Како што се зголемува сообраќајот на патници во следните недели, ризикот од хаос на европските аеродроми е реален“, се вели во заедничкото писмо до европските лидери.

На крајот на мај беше постигнат договор за дигитален сертификат на европско ниво.