Активистката Ана Глигорова, на Фејсбук напиша став околу коментирањето на луѓето против или за Русија, притоа, незнаејќи ништо за оваа земја.

„Поголемиот дел од нашите луѓе,кои интензивно пишуваат на ФБ статуси и коментари за Русија, не ја познаваат ниту историјата на оваа земја, народ, култура, политика. Не го читале Толстој, Солженинцин, Кропоткин,…Не ја знаат Киевска Русија, козаците, Петар Велики,Иван Грозни, Кнез Владимир, Романов, Ленин, Сталин, и повторно Кропоткин. Имаат многу површни информации за војните кои ги водела Русија во минатото, колку руската круна била длабоко поврзна со англиската или пруската круна. Катерина Велика е германка, последниот руски цар има германско потекло како и сите нивни предци, итн…Секогаш очите на руските властодршци биле насочени кон западнот свет, не кон истокот. Тоа е вистина, голема и несоборлива. Францускиот и германскиот јазик биле обавезни за руското благородништво во минатото, но тоа нашиве лепотани не го знаат.

Денешниве случувања се нивна внатрешна игра, престројување, пред можеби новиот договор со западниот свет, кој е дел од нивната традиција да гледаат кон запад. Побогу, најголемите тајкуни од Русија имаат капитал во Англија, нивните деца живеат во Франција, Швајцарија,…Така било секогаш, погледнете ги само крвните лози во Европа, руската е дел од тие крвни лози.

Ние сме толку малечки, речиси неважни за големите сили токму поради длабоко непознавање на феноменот – зошто се толку големи сили.“ напиша таа.