Во продолжение го пренесуваме партиското соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ е политичка партија чиешто седиште е сместено во криминална зграда, конфискувана Бела палата, дивоградба, партија чиј почесен претседател е на црната листа на САД.

Со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, со стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, со јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение.

До каде е случајот за белата палата на ДПМНЕ?

Дали има и други случаи кошто седат во фиока како на пример Делчевски ниви? Или случајот „Моќник” за Антонио Милошоски?

ДПМНЕ нека ги прашаат надлежните институции до каде е случајот Делчевски ниви и до каде е случајот на Антонио Милошоски.