Активни три пожари на отворено: Два пожари во Македонски Брод, еден во Сарај

Од вкупно 33 пожари регистрирани во изминатото деноноќие на територијата на државата, утрово до осум часот активни се три, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Два од нив се во општина Македонски Брод, а еден во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, додека во атарот на селото Крапа зафатени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот во Сарај е во регионот меѓу селата Радуша и Дворце, каде гори ниска вегетација.

Пожарите во Крива Паланка и Кичево под контрола

ЦУК информира дека под контрола е ставен пожарот во атарот на село Нерав, во местото викано „Биљино“ во општина Крива Паланка, каде биле зафатени ниска вегетација и шума. Контролиран е и пожарот во општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, каде изгорела нискостеблеста шума.

Повеќето пожари изгаснати

Активни три пожари на отворено од вкупно 33 во последното деноноќие. Останатите пожари од изминатото деноноќие се целосно изгаснати, а надлежните служби продолжуваат со мониторинг и интервенции каде е потребно.

Инаку, летово Македонија се соочува со пожари кои се подметнати. За тоа веќе има и докази.

(ВИДЕО) ПАЃААТ МАСКИТЕ: Лицата приведени за подметнување пожари се директно или индиректно поврзани со СДСМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ