Еди Рама: Забрзување на евроинтеграциите благодарение на Путин

Албанија го започна својот пат кон Европската Унија, официјално отворајќи ги преговорите во Луксембург. Премиерот Еди Рама го поздрави овој историски момент за Тирана, но изрази жалење за застојот на Македонија. Според Рама, одвојувањето на Албанија од Скопје е неправедно.

ЕУ многу често е неправедна, но за Албанија нема друга иднина освен европската,“ изјави Рама, додавајќи дека брзото темпо на проширувањето е директно поврзано со војната на Путин.

Македонија и Албанија на различни патишта

Додека Тирана слави, Рама не заборави да го спомне понижувањето што го доживува Македонија.

Македонија го смени името за да започне преговори, но продолжува да биде понижувана,“ изјави Рама, потенцирајќи дека ова е срам за ЕУ и целата европска заедница.

Билатерални спорови – Рама со јасен став кон Бугарија

Рама се осврна на прашањата со Бугарија, потврдувајќи дека стои зад своите критики за блокадата на Скопје. Тој нагласи дека внесувањето билатерални конфликти во процесот на евроинтеграции е штетно и несоодветно.

Разговорите за историја и идентитет не треба да го попречуваат патот кон ЕУ,“ истакна тој.

На прашање од бугарски новинар дали сè уште стои зад критиките кон Бугарија за блокадата на Македонија, откако беа раздвоени пакетите Скопје-Тирана, албанскиот премиер Рама одговори дека воведувањето на билатерални прашања во процесот на проширување е многу проблематично.

Различните ставови за тоа кои биле мајките на нашите херои, со кого биле во роднинска врска и кој го формирал нивниот идентитет во минатот, се интересни теми за историчарите. Но, не верувам дека тие се од клучна важност за нашето заедничко членство во ЕУ,“ изјави Еди Рама.

Еврокомесарот Вархеји: Процесот е заснован на заслуги

Еврокомесарот Оливер Вархеји потврди дека Албанија заслужено продолжува сама кон ЕУ. Тој нагласи дека процесот е заснован на заслуги и дека Македонија мора да ги исполни критериумите за да продолжи.

Спојувањето на кандидатските земји не е пракично и би значело компромиси со принципите на Копенхашките критериуми,“ рече Вархеји.

Сијарто критикува: Лицемерието на ЕУ е на врвот

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петр Сијарто, остро ја критикуваше Европската Унија за нејзината политика кон проширувањето.

Лицемерието е највидливо токму во оваа област,“ изјави Сијарто, додавајќи дека Албанија заслужено ги започнала преговорите и дека верува дека и акедонија ќе ја добие својата шанса.